Докторката Ирена Гошева, преку објава на својот Фејсбук профил и се обрати до сите оние кои се загрижени во врска со вакцинацијата.
“Денес е историски ден во борбата против COVID-19, вакцината Pfizer-BioNTech ( сега како Comirnaty) , доби FDA одобрение за сите лица над 16 годишна возраст, за превенција на болеста.
На сајтот на European Medicines Agency , во делот на safety updates , ќе може да најдете релевантни податоци за вакцината Comirnaty.
За жал во Македонија е уште еден во низата историски ден на починати од Covid, неадекватни мерки, како и да го напоменам тажниот слоган- “ За моментите на среќа- вакцинирај се” . Јас не гледам ништо среќно со Ковидот, особено што го искусивме со сопругот најтешкото сценарио, кога возевме до Ниш да се вакцинираме, па таму разглас, а тука ни абер од вакцина, ниту абер од протокол, ниту организација, само пресовите на #Венкоrealityshow.
Среќната околност ми беа колегите од Систина и од Германија!
По социјалните мрежи, народот прашува прашања, кој да се вакцинира, смее ли да се вакцинира, прашува дали е поголем ризикот од вакцина или не… На тоа дел од експертите се трудат колку можат да помогнат, а за разлика од таквите малкубројни, има еден не баш така мал број колеги со навреди кон народот , толкувајќи го нивниот страв и неизвесност , како идиотизам!
Научни дикусии се помалку, се повеќе copy paste постерчиња. Компјутерска операција со која мојата 9 годишна ќерка владее.
Тука сум на располагање на сите загрижени граѓани кои сакаат да се информираат. Ќе ги објаснам предностите / бенефитот наспроти ризиците од вакцината и секој индивидуално ќе си одлучи. Исто како што и индивидуално излегуваме да гласаме.
П.С јас поавтентично, ќе си го ставам вакциналното картонче како cover, ова ми е језиво со новиот слоган“, пишува докторката Гошева.