Група ученици од гимназијата во Гостивар и гимназијата “Зеф Љуш Марку” во Скопје преку кореографска изведба протестираа пред Владата поради високото ниво на загадување на воздухот.
Со слогани во рацете “Не можеме да дишиме”, “Загадувањето е еднакво на смрт”, тие ги повикаа институциите да преземат мерки. Меѓу многуте барања, побараа и посебни патеки за велосипеди, пренесува „Алсат-М“.
На протестот му се приклучи и Првата детската амбасада во светот “Меѓаши”. Оттаму побараа од Владата да ги разреши првите луѓе во Министерството за животна средина.
Извор: Алсат М