Астра Зенека објави дека развила нов лек, комбинација на антитела AZD7442 која во третата фаза на тестирање покажала дека го намалува ризикот од развој на симптоматски ковид за 77 отсто.
Компанијата информира дека 75 отсто од учесниците во истражувањето, кое е терапија со два вида антитела развиени од Медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт, страдале од некои хронични состојби, вклучително и послаба имунолошка реакција на вакцината.
Клиничката студија од трета фаза покажа дека лекот, кој е комбинација од две антитела со долго дејство, може да го намали ризикот од развој на симптоми на ковид-19 за 77 проценти во споредба со пациентите што сѐ уште не биле изложени на коронавирусот. Ниту еден пациент што го примил лекот, наречен AZD7442, не развил тешка форма на болеста. Во исто време, во групата со плацебо-пациенти тројца развиле тешка симптоми на ковид-19, а двајца од нив починале, пренесе „Политико“.
Компанијата рече дека ќе ги достави резултатите до стручната јавност.
Официјални претставници на „Астра Зенека“ рекоа дека лекот може да биде превентивен третман кај пациенти за кои вакцините можеби не се многу ефикасни. Се покажа дека некои пациенти имаат компромитиран имунолошки систем бидејќи добиле трансплантација на орган и не реагираат толку ефикасно на вакцините против ковид-19.