Специјалното јавно обвинителство бара нов притвор за ексдиректорот на тајната полиција Сашо Мијалков за случајот „Империја”, потврдија неговите адвокати за „Макфакс“.
Екс-директорот на УБК, Мијалков треба да биде изведен пред судија на претходна постапка, кој треба да реши дали ќе го прифати овој предлог на обвинителката Лиле Стефанова.
Мијалков моментално е во притвор, откако полицијата го уапси во хотелот Мериот, поради загриженост деа би можел и тој да избега како неговиот братучед, Никола Груевски.