„Македонија-блокира“ денеска организираше протест пред Собранието, против уставните измени кои се најавуваат во Македонија.
Иако долго време беше најавуван, сепак на протестот немаше многу луѓе, а целиот град беше блокиран. Неколку од водачите на протестот држеа говори, а на протестот присутни беа граѓани од поголема возраст.
Протестирачите најавија дека ќе останат пред Собранието се до Нова година, со надеж дека пратениците ќе го слушнат нивниот глас.
Фото : Либертас