Оние кои не сакаат да се вакцинираат се одлучиле за вирусот, рекол епидемиологот и член на Кризниот штаб, Предраг Кон кој додава дека бегањето од вирусот е невозможно. Порачува дека вирусот опстана на планетата.
Предраг Кон рекол дека тоа треба да го знаат и родителите кои не ги вакцинирале своите деца – дека се одлучиле за вирусот.
“Можно е да се избегне вирусот единствено ако човекот мисли да биде затворен со години, бидејќи вирусот опстана на планетата и ќе трае. Тој го покажа својот потенцијал”, рекол Кон, пренесува Курир.
На прашњето дали треба да се воведе задолжителна вакцинација, тој нагласи дека тоа е прашање за правниците, но тој како епидемиолог смета дека подобро е да се биди вакциниран и да се одбере вакцината отколку вирусот.
“Можам да тврдам, ако нешто е одобрено и регистрирано во Србија тоа значи дека зад тоа стои Агенцијата за лекови, а тоа е највисокиот стандард. Кога држава ќе се одлучи нешто да биде препорачано, таа веќе се одлучила. Нема веќе враќање”, рекол Кон.
Додава дека е “за” задолжителната вакцинација за здравствените работници, бидејќи не е одговорно да останат невакцинирани, не само што испраќаат лоша порака, туку постои можност да ги заразат своите пациенти.
“Сметам дека треба да има задолжителна вакцинација за здравствените работници и одредени професии. Што се однесува на населението, не сметам дека е неопходно да биде задолжително. Мислам дека оваа болест не е толку тешка, без оглед на тоа што имаме многу смртни случаеви, дури и повеќе отколку што регистрираме”.
Вакцинација на деца
Зборувајќи за вакцинацијата на деца постари од 12 години, тој рекол дека само 1% од децата се вакцинирани.
“Доколку се појави вирусот во училиштата ќе дојде до разделување. Меѓутоа, сигурен сум дека Министерството за образование ќе подготват различни модели и дека за нив ќе се дискутира и Кризниот штаб. Минатогодишната шема беше задоволителна и само еднаш интервениравме да го продолжме распустот”, рекол Кон.
Зборувајќи за Ковид пропусниците, Кон нагласи дека тие се воведени за фестивалите, а дека не постои потреба да се воведат и на други места.
“Мислам дека нема потреба сѐ уште да се воведе тоа, но ќе се разговара. Прашање е каде да се воведе. Тоа не значи дека во било кој ресторан е неопходно, но мислам дека треба да се воведат во места каде се организираат прослави, каде има пеење и играње. Тогаш треба да се собрани само оние кои се сигурни”.
Нов бран на вирусот
На прашањето кој е одговорен за новиот бран на Ковид-19, тој потсети дека четвртиот бран од епидемијата веќе започна во цел свет, дека постои некој вид на одговорност, но дека ова е баланс помеѓу зачувување на економијата и здравјето.
“Инсистираме да се спроведуваат и почитуваат мерките и казнената политика да биде поефикасна. Добиваме одговори дека контролата е присутна. Низ разни снимки и настани се гледа дека граѓаните сѐ уште не се свесни дека треба да ги почитуваат мерките”.
Истакнал дека вакцинацијата со трета доза започнала денес и дека е препорачлива за оние со послаб имунитет, пациенти кои имале трансплантација, постари од 70 години или 60, како и патници во меѓународен сообраќај.