Д-Р ЛАЗАРОВ: Сите што лудувате викендов, да не ме вознемирувате кога ќе почнат температурите

by Тони Зографски

Вчера министерот за здравство Венко Филипче рече дека 40 отсто од заболените дале епидемиолошки податок дека биле на некоја забава.

Објавените фотографии го испровоцираа и доктор Ненад Лазаров кој за време на целата пандемија несебично излегува во пресрет на своите пациенти и никогаш не ги одбил ковид болните за прегледи.

„Сите што лудувате викендов по кафани, концерти и фестивали, од сега ви кажувам дека немам намера да дозволам да ме вознемирувате на полноќ кога ќе почнат глупостите со температури, главоболки и т.н. После вие паничете, ја немам намера, ве пратам шо праите и не ми се верува“, напиша д-р Лазаров на Фејсбук.

останати вести