Директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски за ТВ 24 вели дека препораката е да се чека за вакцина од 1 до 6 месеци по прележан Ковид-19.
-Нема дилема дека помината болест остава имунитет и тој имунитет трае скоро шест месеци, но е варијабилен и од човек до човек не се создава иста количина на антитела и иста активација на клеточниот имунитет. Од тие причини, се предлага да се оди и со вакцинација која ќе го засили и униформно ќе го стимулира имунитетот кај граѓаните кои имаат прележано ковид,- вели д-р Петличковски за тв24.
-Се препорачува вакцинација и на оние кои прележале, но не се советува анализирање на антитела бидејќи ја нема таа бројка, таа концентрација на антитела која би претставувала контраиндикација за вакцинација. Количината на антителата не игра улога во препораката за вакцинирање, туку повеќе игра улога времето кога е помината вакцинацијата. Терминот којшто се советува да се запази после помината болест е до шест месеци. Во рамките на овие шест месеци, се препорачува вакцина и на луѓето кои ја поминале болеста, -вели д-р Петличковски.