Го победи ракот, а сега ѝ е дијагностицирана нова болест: Холивудската глумица денес се бори во инвалидска количка (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската глумица Кристина Еплегејт, која на нашата публика ѝ е најпозната по улогата во серијата „Оженет со деца“, ги извести своите бројни обожаватели дека има сериозен здравствен проблем.

Имено, Кристина на својот Твитер профил напиша дека боледува од мултиплекс склероза.

– Здраво пријатели. Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана мултиплекс склероза. Беше чудно патување, но имав голема поддршка од луѓе за кои знам дека ја имаат истата болест. Тоа е тежок пат. Но, колку што знам, патувањето продолжува. Освен ако некој не го блокира – изјавила актерката во својот прв твит.

Потоа напиша уште еден мејл во кој ги замоли сите обожаватели да ѝ дозволат да ја има својата приватност додека минува низ овој тежок период.

Како што кажа еден од моите пријатели со МС – Морам да дадам сѐ од себе и да ги преземам работите во свои раце. И тоа го правам. Затоа сега барам приватност. Додека минувам низ ова. Ви благодарам на сите.“

останати вести