На 94 години, во Хјустон, почина поранешниот американски претседател Џорџ Буш, постариот. Тој боледуваше од Паркинсова болест и користеше инвалидска количка од 2011 година. Во април Буш беше примен во болница заради инфекција на крвта.
“Џорџ Херберт Вокер Буш беше благороден човек и најдобриот татко, кој би можеле да си го посака еден син или ќерка” , изјави неговиот син Џорџ Буш помладиот во соопштението.
Претседателите Доналд Трамп и Барак Обама на Твитер му оддаде почит на колегата Републиканец за „исклучителната автентичност и мудрост и непоколебливата посветеност на верата, семејството и земјата“.
Џорџ Буш постариот, беше 41 претседател на САД, од 1989 до 1993 година и два мандати му беше заменик-претседател на Роналд Реган.
Тој зад себе остави пет деца, 17 внуци и 8 правнуци.