Спутник лајт ефикасна и во комбинација со други вакцини

by Тони Зографски

Вакцината Спутник лајт покажува висока ефикасност во комбинација со вакцините АстраЗенека, Синофарм и Модерна во Аргентина, соопшти прес-службата на Рускиот фонд за директни инвестиции.

-Податоците кои ги доби Министерството за здравство покажуваат дека комбинираната примена на Спутник лајт со друга вакцина и вакцинација само со две дози на Спутник лајт е безбедна, не постојат сериозни нуспојави. Сите комбинации кои се користени за време на истражувањето се безбедни, се наведува во соопштението.

Во Буенос Аирес се анализирани податоците добиени по вакцинација на 121 доброволец.

останати вести