По 20 години Македонија повторно ќе има медал од олимписки игри, откако Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на Олимпијадата во Токио.
Македонскиот репрезентативец во таеквондо беше подобар од корејскиот натпреварувач Ин, кој иако прво поведе на натпреварот со поен, следуваше серија на квалитетни удари на македонскиот натпреварувач во телото на Ин за водство од 5:1 пред крајот на втората рунда.
Веднаш потоа зададе удар и Кореецот, по што врати на 5:3, а на почетокот од третата рунда, уште неколку добри удари на Георгиевски, со што резултатот дојде на 9:4.
На крајот Дејан Георгиевски обезбедува сигурна победа со реузлтат 12:6, за олимписко славје на Македонија, која по оваа победа, обезбедуваме барем сребрен медал, бидејки Георгиевски ќе се бори во финалето.
Македонецот денеска го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4. Тој претходно утринава, на стартот од турнирот, направи чудо совладувајќи го светскиот првак Алба Кастиљо со 11-8.
Comments are closed.