Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот Универзитет во Битола се обиде приближно да ја пресмета ефикасноста против заразување (не и против тешка форма на болеста) на миксот од вакцини што се користел досега кај нас.
Тој анализира повеќе податоци и наведува дека ефикасност е прилично блиску до ефикасноста од 69,5 отсто што ја пресметал уште на почетокот од вакцинацијата.
„Прво, најголемиот број на случаи се од времето на Алфа сојот (од 01.05 до 10.07.2021). Во иднина ефикасноста ќе трпи корекции надолу, како што ќе се зголемува учеството на Делта сојот кај заразените и како што ќе изминува времето од втората доза, а со тоа и намалувањето на антителниот имунитет. Второ, информацијата во текстот е некомплетна и пристрасна. Како што антиваксерите ги земаат големите бројки на заразени кај вакцинираните, без да кажат колкав е соодносот на броевите на вакцинираните и невакцинираните, во оваа вест се прави нешто слично – не се користи средниот број на вакцинирани во дадениот временски интервал, а исто така не се става процентот кај вакцинираните (инциденцата за 84 дена) во сооднос со инциденцата кај невакцинираните (односно поторно не се земаат предвид големините на групите). Не треба да ни биде целта ни натценување, ни потценување, туку што е можно пореално пресметување на ефикасноста. Да заклучиме, иако ги немаме најточните бројки и датуми (би требало да ја имаме пред себе Каплан-Мајеровата крива на набљудувањата), сепак на овој пример видовме како се прави задоволителна пресметка на ефикасноста на вакцините против заразување“, пишува тој.
Додава дека непрележаните и невакцинирате многу тешко ќе „куртулат“ од делта сојот наесен.
Comments are closed.