Молдавските политичари Сергиу Тофилат и Генадиј Косован беа гости во ТВ-емисијата „Журнал ТВ“, а нивната жестока дебата пред камерите заврши со вистинска физичка пресметка која стана апсолутен хит на социјалните мрежи.
Имено, изнервираниот Косован поранешниот заменик министер за внатрешни работи на Молдавија, во еден момент замавна со раката кон Тофилат, советникот за енергетска политика, но не можеше да не земе чаша од масата во студиото и да истури вода врз лицето на противникот.
Другите гости се повлекоа во шок и неверување од тепачкта, а молдавските медиуми подоцна објавија дека Косован бил прегледан од лекари.
Невообичаениот конфликт пред телевизиските камери сепак заврши добро. Двајцата политичари се извинија и пријателски се ракуваа. Се разбира, ова е исто така документирано и објавено на социјалните мрежи.
Comments are closed.