Млада родилка почина вчера во Гинекологија „Чаир“, информира МВР.
„Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.00 часот во Гинекологија „Чаир“ so влошена здравствена состојба била донесена Н.М.(23) од Скопје, бремена во осми месец. Според пријавеното, кратко потоа таа починала во Одделението за интензивна нега, но било извршено породување и било извадено живо женско дете. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
Comments are closed.