Три дена пред официјалното отворање на најголемиот спортски настан Летните Олимписки Игри во Токио, можно е во последен момент тие да бидат откажани поради веќе сѐ поголемиот број на заразени, најави првиот човек на организацискиот комитет Таширо Муто.
„Не можеме да предвидиме што ќе се случува со бројот на случаи од коронавирус. Ние ќе продолжиме со разговорите околу тоа зголемување. Се договоривме дека врз база на епидемиолошката состојба, ќе имаме повторно разговори на петте страни. Во овој момент бројките може ќе се зголемат, може ќе паднат, па ќе размислиме што да правиме кога ќе имаме уште појасна слика и кога ќе ја увидиме целата ситуација“, вели Муто, одговарајќи на прашање дали е можно во „пет до 12“ да не се одржат ЛОИ.
Инаку, вкупно 71 лице акредитирано е позитивно на коронавирус, рекоа организаторите само три дена пред почетокот на големиот спортски настан.
Меѓу позитивните за вирусот се спортисти, официјални лица и волонтери.
Вчера, двајца спортисти беа исто така позитивни на коронавирус во Олимпиското село.
Чешкиот одбојкар на плажа Ондреј Перушич и неговиот партнер Давид Швајнер нема да можат да се натпреваруваат на Олимписките игри затоа што се позитивни на коронавирус, соопшти Чешката одбојкарска федерација.
Во меѓувреме, неоткриен член на американскиот тим за гимнастика бил позитивен на КОВИД-19. Тројца членови на јужноафриканската машка фудбалска репрезентација, вклучително и двајца играчи, исто така беа заразени во неделата.
Јапонија им забрани на гледачите да присуствуваат на веќе еднаш одложените Олимписки игри, закажани за 23 јули до 8 август. Домаќинот олимписки град Токио влезе во вонредна состојба што ќе важи до 22 август поради растечкиот број заразени.
Селото на спортистите треба да биде меур за сите спортисти кои патувале во Јапонија на Игрите
Comments are closed.