Се поголеми се навестувањата дека би можело да се случи во Србија невакцинираните луѓе сами да си го плаќаат третманот при болест од Ковид-19.
Ваквата можност ја најави претседателот Александар Вучиќ во средата, најавувајќи дека добил таков предлог од голем број лекари, а вчера и министерот за здравство, Златибор Лончар, го поддржа предлогот на колегите лекари, оценувајќи го како „сосема логичен“.
За ова уште не е донесена одлука, и Вучиќ засега не прифаќа воведување вакви правила, но признава дека се поочигледно е дека државата ќе мора да реагира на некој начин за да се спречи ширењето на вирусот. Иако вакцините се достапни со месеци наназад и граѓаните дури може и да се изберат, скоро 51 процент од возрасните во Србија не се се уште вакцинирани, а ако се се смета вкупното население, дури 62 проценти немаат примено вакцина.
– Добив многу предлози од лекарите луѓето кои не се вакцинирани, а имаат можност да ја примат вакцината, да им се наплаѓаат трошоците за лекување на корона вирусот, рече Вучиќ.
– Јас не сум за тоа. Можеби не е директно кршење на Уставот, но е кршење на еднаквоста. Но, ќе мора да сториме нешто за да ја потиснеме таквата доза на неодговорност и несериозност. Како и што, сè уште не знам, но не можам да го поддржам ова во моментов.
Индивидуалните трошоци за лекување, како што рече претседателот, изнесуваат до 100.000 евра. Граѓаните сметаат дека тоа е покриено со здравствено осигурување, а всушност, годишна исплата од околу 500 до 600 евра во фондот за осигурување.
Comments are closed.