Тинејџер од Фиренца, чии родители му забраниле да се вакцинира против вирусот ковид-19, се обратил до адвокат, па со правна помош успеал да добие дозвола за имунизација.
Од почетокот на овој месец, тоа е 17-ти случај на млади луѓе кои побараа помош од адвокатот Џани Балдини, за да им помогне да се вакцинираат, пишува „Анса“.
Според италијанскиот закон, малолетниците мора да имаат одобрение од родителите за да добијат лек.
Во случајот за кој пишува „Анса“, родителите на 17-годишното момче, по интервенцијата на адвокатот, се согласиле да ја потпишат согласноста, но со клаузула дека ја отфрлаат секоја одговорност во случај на несакани последици од вакцинацијата.
Според најавата на италијанското Министерство за здравство, бројот на заразени расте, а само во последните 24 часа имало 2.455 нови случаи на инфекција, од кои повеќето биле заразени со делта вирусот.