Вакцините против COVID-19 делуваат, но постојат и случаи кога вакцинирани луѓе се заразуваат.
Меѓу нив е и Карли Кам која иако целосно вакцинирана со вакцината Johnson & Johnson забележала дека го изгубила осетот за мирис и вкус. Пред првите денови на појавата на овие симптоми забележала силен умор, а дополнителните симптоми ја увериле дека не станува збор за обична настинка.
„Вакцините според експертите се многу ефикасни во спречување појава на сериозни симптоми, но ниту една вакцина не е 100% ефикасна“, појаснува д-р Лиса Адамс, декан на Универзитетот Дармут.
„Знаеме дека постојат случаи на зараза и кај вакцинирани луѓе, но кај тие луѓе обликот на болеста е благ“, вели таа.
Вакцините спречуваат хоспитализација и смртен исход
Доктор Рошел Валенски, директор на Центарот за контрола на болести, смета дека новите податоци говорат за 99,5% смртен исход кај луѓе кои не се вакцинирани. Од 157 милиони вакцинирани има само 733 случаи. Околу 75% од новите инфекции се појавиле кај луѓе постари од 65години.
„Целта на вакцините е да ве заштити од болничко лекување и смртен исход. Не е страшно ако имате блага инфекција“, вели Пол Офит, директор на Детска болница во САД.
Според податоците, инфекцијата е блага и често без симптом. Ако станува збор за делта-сојот, се појавува течење на носот и главоболка.
Некои луѓе пријавиле течење нос, иритација на очите, умор, губење на осетот за мирис и вкус, но сите исчезнале за една недела. Други пријавиле опстипација и главоболка.
Иако Кам вели дека и понатаму има некои симптоми на болеста, вирусот не го пренела на другите членови од семејството.
„Мојот партнер не се зарази, не е вакциниран, а спиеме во ист кревет. Работата е во тоа што може да се разболиш, но не мора вирусот да го пренесеш на најблиските, вели таа.
Луѓето кои прележале ковид иако се целосно вакцинирани често имаат помалку вирус во организмот, што значи дека се и помалку заразни, тврди студија спроведена во Израел.
Comments are closed.