Летувањето во Грција за малку можеше да заврши трагично за еден турист на Халкидики, кој додека пливал, изгубил свест и почнал да се дави. На негова среќа, 12-годишната Лемонија веднаш го приметила мажот како се дави, по што заедно со лекарите му пружила прва помош и му го спасила животот.
Веднаш штом видела дека мажот се дави, Лемонија заедно со уште неколку луѓе го извадиле мажот од водата, по што таа искусно го свртела мажот на другата страна, за тој да може полесно да дојде до воздух.
До доаѓањето на Брзата помош, девојчето заедно со нејзиниот татко се грижела за човекот. Мажот беше пренесен во локалната болница на Халкидики, каде сè уште се опоравува.
-Беше супер, ни на момент не се исплашив. Знаев дека морав да му помогнам на човекот, по инцидентот -изјави Лемонија.
Младото девојче имала поминато курс за прва помош на грчката организација „Децата спасуваат животи“.