Анти-коронавирус спрејот за нос, наречен „Еновид“, се покажа како многу ефикасен за време на тестирањето.
Тоа е производ на компанијата Санотизе, која е развиен во Канада, произведен во Израел и тестирана во Велика Британија.
Утврдено е дека ги ублажува симптомите на коронавирус за 95 проценти за 24 часа и дека ги ублажува симптомите за 99 проценти за 72 часа, објави производителот.
Може да се користи до пет пати на ден, и откако лицето ќе сфати дека е заразено со коронавирус. Исто така се применува на деца под 12-годишна возраст. Израелското Министерство за здравство ја одобри неговата употреба во јануари годинава и се очекува продажбата во оваа земја да започне во следните неколку недели.- изјави основачот и извршен директор на Санотизе, д-р Гили Регев.
Бидејќи коронавирусот е респираторен вирус, Санотаиз верува дека нивниот производ ќе биде ефикасен против ширењето на коронавирусот. За него се тврди дека дејствува по само две минути и е ефикасен против алфа сојот, кој првпат беше регистриран во Велика Британија и гама сојот, кој првпат беше регистриран во Бразил. Во моментов се тестира против делта, кој првпат беше регистриран во Индија.
Comments are closed.