Популарниот британски голфер Јан Пултер платил 100.000 фунти за две ВИП-влезници за финалето на Европското првенство на „Вембли“, ама на стадион успеал да влезе дури пред крајот на второто полувреме, среќа зашто потоа можел да ги изгледа продолженијата и пеналите.
На денот на финалето на Европското првенство, Поултер бил на Шкотска опен во Северен Бервик, оддалечен 650 километри од Лондон. Турнирот бил одложен од самиот почеток поради дождот и лошите временски услови и Поултер сметал дека ќе задоцни на финалето на Европското, иако тој и неговиот син си купиле билети во ВИП ложата за по 50 000 фунти. Поултер водел до самиот крај на турнирот, но еден од конкурентите играл одлично и го исфрлил од конкуренцијата за првото место.
Кога сфатил дека не може да победи и не може да падне под 4-то место, Поултер го напуштил турнирот околу 18:30 часот, седнал во приватен авион и се упатил кон Лондон. Тој знаел дека поради огромниот метеж во сообраќајот кон Вембли нема да пристигне на почетокот на мечот и дека најверојатно ќе пристигне во второто полувреме.
Така било, но Англичанецот напишал на Инстаграм дека од некоја непозната причина, обезбедувањето не му дозволило да влезе до самиот крај на второто полувреме.
Друг познат голфер, Метју Фицпатрик исто така имал ВИП-влезници, ама тој не ни тргнал кон „Вембли“ зашто бил до крај во самата конкуренција за првото место на „Скотиш Опен“, па го пропуштил финалето, за кое исто така платил огромна сума на пари.
Comments are closed.