Лекарите предупредуваат дека е можно да се заразите со две варијанти на коронавирусот истовремено. Овој случај е потврден кај 90-годишна жена која се заразила со алфа и делта сојот.
Таа починала во Белгија во март годинава и не била вакцинирана. Лекарите веруваат дека две лица ѝ пренеле инфекции. Ова е прв документиран случај од ваков вид и за него ќе се дискутира на овогодинешниот Европски конгрес за клиничка микробиологија и инфективни болести.
Жената била примена во болница со лесни симптоми, но подоцна доживеа влошување на функционирањето на респираторниот систем. Лабораториските тестови покажале дека таа има коронавирус кој истовремено бил предизвикан од мутирани соеви на вирусот, поточно алфа и делта. Не се знае точно како се заразила, пренесува Би-Би-Си.
– Живееше сама, но многу луѓе дојдоа во нејзината куќа да ѝ помогнат. Тешко е да се каже дали овие два соеви играле улога во наглото влошување на здравствената состојба на пациентот – рече д-р Ана Ванкерберген, која работи во болницата ОЛВ во Алст, Белгија.