Американскиот центар за контрола и превенција на болести отвори истрага за смртта на тинејџерот Џејкоб Клaјник (13) од Мичиген, кој почина откако ја прими втората доза од вакцината Фајзер. Тие ќе се обидат да утврдат дали смртта на момчето е директно поврзана со вакцината.
„Американскиот центар за контрола и превенција на болести е информиран за момчето кое почина откако прими вакцина против коронавирусот. Овој случај е под истрага и сè додека истрагата не заврши, избрзано би било да се каже која е причината за смртта“, рече Марта Шаран, лице за односи со јавност на Американскиот центар за контрола и превенција на болести.
Починатиот Џејкоб Клајник ја примил втора доза од вакцината Фајзер на 13 јуни и починал во сон три дена подоцна, објави „Детроид њуз“.
Според изјавите на блиски членови на неговото семејство, Џејкоб бил здрав и немал никакви хронични болести. Тие велат дека тој два дена чувствувал замор и имал треска, кои се најчестите симптоми по вакцинирањето.
„На 15 јуни, Џејкоб имаше мала болка во стомакот, но не доволно за да предизвика сериозни проблеми“, велат неговиот блиски.
Претходно, федералните власти повикаа да се внимава на несаканите ефекти од вакцината, како болка во градите и срцево воспаление, кои се јавувале најчесто кај тинејџери откако ја примиле втората доза од „Фајзер“.
„Има 323 потврдени извештаи за воспаление кај лица помлади од 30 години, а голем дел од нив се опоравиле од симптомите. Тој ризик ми се чини е многу помал од ризикот од Ковид-19“, вели Брајан Феинголд, специјалист за срце на Универзитетот во Питсбург.
Comments are closed.