Лидерот на “Левица“, Димитар Апасиев преку објава на Фејсбук, остро го нападна премиерот Зоран Заев кој според него, ќе фабрификува нови 70.000 вештачки доделени државјанства на странци, идни гласачи.
“Додека го распродава македонскиот јазик на Бугарите, Заев е свесен дека ги губи Локалните избори и дека Македонци веќе не го гласаат. Затоа, додека мудрува на „Преспа Дијалогот“ во Отешево, позади сцената утре сака да го ПРОШВЕРЦУВА контроверзниот Закон за државјанствата, со кој ќе фабрификува нови 70.000 вештачки доделени државјанства на странци (идни гласачи), за нов етно-инженеринг на населението – во пресрет на фалсификуваниот Попис 2021.
p.s. Заев, друже, играше all-in и изгуби!
Доста е веќе! Вразуми се додека е време и отстапи.
Доволно штета и направи на Републиката“, напиша вчера Апасиев.