Научниците од Нов Зеланд измислија бизарен уред за слабеење кој се прицврстува на забите и не им дозволува на луѓето да ја отворат устата повеќе од два милиметри.
Лицето со тоа е осудено на течна диета, но наводно може да зборува нормално и нема да има потешкотии со дишењето.
Уредот наречен DentalSlim Diet Control е прикачен на катниците на горниот и долниот дел, а устата е „заклучена“ со магнет.
Истражувачите од Универзитетот во Отаго (Нов Зеланд) наведуваат дека луѓето кои го користеле овој уред во двонеделен пробен период изгубиле во просек 6,36 килограми и дека биле „мотивирани да го продолжат патот во слабеењето“, пренесува Independent.
Уредот разбесни некои корисници на социјалните мрежи кои изјавија дека „го поедноставува проблемот со дебелината“.
Професорот Пол Бартон од Универзитетот во Отаго тврди дека тоа е „ефикасна, безбедна и прифатлива алатка за луѓе кои се борат со дебелина“. Тој верува дека главниот проблем на луѓето кои се обидуваат да ослабат е упорноста и тврди дека овој уред ќе им помогне „да воспостават нови навики и да опстојуваат на нискокалорична диета за одреден временски период“. Тој исто така го нарече овој уред „алтернатива на операцијата“ и тврди дека нема штетни последици.
На ова се спротивстави Дин Џејд, основачот и директорка на Националниот центар за нарушувања во исхраната, кој го нарече уредот одвратен.
“Кога зборуваме за слабеење, не станува збор за нешто што ве спречува да ставате храна во устата. Ние се обидуваме да направиме промени во начинот на размислување, начинот на живот, вештините и стратегиите што луѓето треба да ги научат за да го променат својот став кон храната за цел живот. “, изјави таа за Индипендент.