Австрискиот вирусолог Норберт Новотни предупредува дека делтата сојот би можел да го уништи ова лето.
Се чини, вели тој, дека овој вид не се придржува кон сезонскиот ефект, па затоа е поотпорен на топлина и 60 проценти позаразен.
– Овој вирус може делумно да го уништи нашето лето – рече тој во интервју за „PLUS24“, предупредувајќи дека има премалку податоци за новиот вид.
Новотни изрази страв дека бројот на непознати случаи на инфицирани е релативно голем и подвлече дека овој вид веќе се шири низ цела Европа. Најдобрата стратегија во борбата против новиот вид е брза вакцинација, смета Новотни, додавајќи дека постојат јасни индикации дека се заштитени целосно имунизираните лица.
– Проблемот е што сè уште има толку многу луѓе кои не се целосно имунизирани – рече тој, додавајќи дека треба да се спроведат повеќе ПЦР тестови, бидејќи тие се попрецизни од антигенските.
Вирусологот исто така ја повика австриската влада да размисли за најавата за ново ослободување на мерките и одржувањето на поголеми собири.