Владимир Гушчин, експерт во Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија во „Гамалеј“, денес изјави дека вакцината против коронавирусот развиена од Институтот, Спутник V, обезбедува заштита од коронавирус за шест месеци.
– Имаме доволно податоци кои покажуваат дека имунитетот дефинитивно трае шест месеци, па затоа би било добро да се изврши ревакцинација за тој да биде обновен – рече Гучин, пренесе РИА Новости.
Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко претходно изјави дека Министерството за здравство има развиено пристап кон ревакцинација на населението и дека тоа треба да биде на секои шест месеци за време на врвот на епидемискиот бран, а ако не е во пикот – еднаш годишно.