Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека за брзо време ќе се вакцинираат сите пријавени граѓани.
Тој ги повика сите граѓани да се пријават за вакцинација.
Филипче рече дека за брзо време ќе се забрза имунизацијата на населението која беше забавена во изминатиот период.
-Мислам дека до крајот на летото ќе бидат вакцинирани голем број граѓани, – рече Филипче, додавајќи дека дотогаш ќе можеме да кажеме дека има колективен имунитет.
Вакцините од кинескиот производител „Синовак“ се очекува да пристигнат до крајот на месецов. Се очекува со новите вакцини бројот на вкупно вакцинирани граѓани во земјава да достигне околу 600 илјади.
„Од јули, третиот и четвртиот квартал, најавени се сите други поголеми количини на вакцини…се очекува, како што е првично највено, да стигнат 350 илјади од вакцините на Фајзер и преку КОВАКС системот“, рече Филипче.