АНГЕЛОВСКИ НЕМА ВЕЌЕ ДА ЈА ВОДИ МАКЕДОНИЈА: Ова беше моја последна прес конференција, ви благодарам на сите

by Тони Зографски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски денеска објави дека за последен пат како кормилар на националниот тим седи пред новинарите после меч на македонската репрезентација.

„Ова е мојата последна прес-конференција, сакам да им се заблагодарам на сите во стручниот штаб, на целиот персонал, на фудбалерите, посебно до капитенот за сѐ што направија во овие пет ипол години, потоа благодарност до сите медиуми за соработката што ја имавме, а посебно на моето семејство. Ова се моменти кои веќно ќе ги паметам. Мојот професионален договор и ангажман завршува на 31 јули, а ова е моја последна обврска“, рече Ангеловски.

Инаку, Игор Ангеловски има договор со ФФМ до 31 јули по што му завршува истиот.

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com