„Новиот делта сој е повирулентен и се покажа како позаразен. Всушност, еден од моментите што ја прави заразноста на овој вирус е тоа што кај помладите дава една полесна клиничка слика, од типот на главоболка и кивавица“, вели докторката Александар Димова за емисијата „Утрински брифинг“.
„Опасноста постои не само од навивачите од Романија, туку од сите други лица кои што периодов патуваат. Ситуацијата е поотворена од претходно, туристи доаѓаат и имаме поголема фрекфенција на луѓе во земјава. Никој не може да предвиди што точно ќе се случи, бидејќи и 500 заразени со новиот сој да влезат не значи дека тоа задолжително ќе ја прошири со голема брзина заразата со делта сојот, од друга страна и петтмина да влезат во зависност од тоа какви ќе бидат нивните контакти можат да заразат повеќе лица“, вели д-р Димова и додава:
„Во текот на летово мое очекување е дека ситуацијата ќе остане под контрола, не само заради тоа што вирулентноста можеби е помала во топлите месеци, туку и заради самиот факт што поради топлото време сме на отворено. Што ќе се случи во есенскиот период во голема мера зависи од самите нас, имам впечаток дека малку прерано почнавме да се олабавуваме во смисла на тоа што во ред е што мерките се олабавија, но секој лично за себе мора да запомни дека сме далеку од тоа дека можеме да ја прогласиме пандемијата за завршена.