Потврден е уште еден случај на индискиот сој на коронавирусот во земјава, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче. Се работи за наш граѓанин кој дојде од Ирак, а се лекувал во една од приватните болници.
Станува збор за колега на првиот пациент од Ирак кај кого беше регистриран индискиот сој.
„Пациентот не е во ризик. Нема ризик ниту од ширење на болеста, според направените епидемиолошки анкети и нема потреба од дополнителни анкети“, рече Филипче.
Министерот вели дека сите вакцини штитат и од индискиот и од другите форми на мутации од смртен исход и од тешки компликации на болеста.