23-годишната самохрана мајка од Италија, Луана Д‘Орацио починала на работното место на почетокот на мај.
Таа работела за текстилната компанија „Orditura Luana“ во Прато, недалеку од Фиренца.
Ја „здробила“ голема машина и починала на самото место.
Истрагата покажала дека се отстранети осигурувачите на контролната табла, што би спречило ваков развој на настаните.
Таа не ја минала обуката за работа
Несреќната Луана не беше обучена да работи на оваа машина и и’ биле објаснети само основните активности. Не поминала обука, ниту поминала испит за безбедност на работното место. За време на нејзината смрт, таа не носела заштитно работно одело, што е стандардно.
Истражителите велат дека таа била практикант и дека морала да биде надгледувана за време на работата. Исто така, нејзиниот договор наведува дека таа може да работи само под надзор.
Сепак, компанијата не вработила доволно работници за да ја надгледуваат.
Во моментов се водат истраги за три лица – Луана Копини, сопственик на компанијата, нејзиниот сопруг Даниеле Фаџи и менаџерот за одржување Марио Кусимано.
Се’ повеќе вакви случаи
Случајот со Луана не е единствен. Локалните медиуми јавуваат дека млад човек на возраст на Луана настрадал на сличен начин пред само три месеци.
Во друга компанија, Textprint, работниците штрајкувале со месеци – на еден од нив од машината му бил отсечен прстот.
„Никој не нè научи како да ги користиме машините“, рекол тој.
Сè ескалирало кога непознати сторители со летви ги тепале работниците кои штрајкувале пред Текспринт, пишува Notizie di Prato.
Од компанијата се правдаат
„Не ангажиравме никакво обезбедување, не рековме никому да ги тепа. Можеби некои од нашите работници го изгубија трпението”, рекле од Текспринт.
Според Обвинителството во Прато, предводено од Џузепе Николоси, Луана Д’Оразио не би умрела доколку компанијата применила правни заштитни мерки.
„Ла Република“ пишува дека ликот на Луана бил овековечен на мурал во римскиот градски округ Пињето.
„Луана, 22-годишна текстилна работничка беше убиена од капитализмот. Таа е жртва на изопачена индустриска логика заснована на профит. Нема да ја заборавиме”, напишале активисти на локалниот социјален центар на Фејсбук со слика на нејзиниот мурал.