Од денеска започна делењето бесплатни картички за патарина на српските туристи кои ќе транзитираат низ коридор 10 на пат кон Грција заклучно со 15 август. Сите тие на граничниот премин Табановце ќе добијат М-смарт картичка за патарините.
Картичките содржат пари колку што чинат сите патарини во двата правца, а српските туристи ќе треба да ги отчукаат на наплатните рампи и без никаков трошок да го поминат Коридорот 10 низ нашата држава.
Според најавите, картичките остануваат во трајна сопственост на српските граѓани, кои ќе имаат можност да ги надополнуваат преку системот е-кард, со не помалку од 300 денари, за следен влез на територијата на Македонија.
Бесплатните патарини без обезбедени како гест на благодарност кон српските граѓани кои први се понудија да им дозволат бесплатно вакцинирање на Македонците во Србија.