Кристијан Ериксен ја објави својата прва изјава откако доживеа срцев удар за време на натпреварот на Данска на Евро 2020 со Финска, инсистирајќи на тоа дека „се чувствува подобро“ и „нема да се предаде“.
Ериксен колабираше на „Паркен“, па лекарите мораа да се борат за неговиот живот на лице место и за среќа сите вложени напори вродија со труд.
Во краткото соопштение објавено до „Газета дело Спорт“ преку неговиот агент Ериксен им се заблагодари на навивачите за поддршката и загриженоста и вети дека ќе дознае зошто доживеа толку ненадејна и сериозна итна здравствена состојба.
-Ви благодарам. Нема да се предадам. Сега подобро се чувствувам, ама сакам да знам што се случило. Би сакал да им за заблагодарам на сите за тоа што го направивте за мене -истакна Кристијан, а пренесува „Газета Дело Спорт“.
Comments are closed.