Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз дебитираше на Европските првенства, не успевајќи да го издржи притисокот со Австрија (1:3). Во последните 13 минути од мечот потклекна дефанзивата, а „резервистите“ Марко Арнаутовиќ и Михаел Грегориш нѐ решија за стартна победа на австриската селекција.
Во 18 минута Австрија поведе со голот на Лаинер, a 10 минити подоцна, во 28 минута нашиот капитен Горан Пандев беше стрелец на првиот гол за Македонија на ЕП откако добро се снајде по мешаница во противничкиот шеснаесетник во 28-та минута. Капитенот на Македонија со 37 години (и 231 ден) е вториот највозрасен стрелец на европските првенства по австрискиот репрезентативец Ивица Вастиќ кој имаше 38 години (и 257 дена) кога погоди на ЕП 2008
Во второто полувреме Австрија повторно дојде до водство со голот на Михаел Грегорич во 78. минута. Тој беше побрз од голманот Столе Димитриевски по центаршутот на Давид Алаба по левата страна. Конечните 3-1 ги постигна Арнаутовиќ во 89 минута.
Следниот натпревар го играме во четврток, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Украина.