Денес за прв пат по 2 септември 2020 не бележиме ниту еден починат од Ковид. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје – 3, Тетово – 2, Велес, Кичево и Охрид- по 1.
Регистрирани се 9 оздравени пациенти од:Скопје – 3, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен – по 1.
Нема пријавено починато лице.