Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство… Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера. Македонија да игра на едно вакво големо натпреварување…“, се огласи капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев на својот Инстаграм профил.
Тој порача дека сонот го испишавме, но сега одиме да испишеме историја.
„Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација. Сакам како капитен да ви се обратам на цела нација. Оваа генерација е најсветото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија … Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес“, стои во обраќањето на Пандев.
Македонија е дел од групата Ц на европското првенство заедно со Холандија, Украина и Австрија, со која ќе се сретнеме на 13-ти јуни во премиерниот меч од оваа група.