Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски, за медиумите од Србиј изјави дека мерките и протоколите во Романија за репрезентативците се строги, се чувствуваат како да се во „затвор“.
„Се обидуваме да ја одржиме атмосферата на висина на задачата, тоа е она што не доведе на Европско првенство. Сепак, не е лесно затоа што сме затворени во хотел 24 часа на ден. Стигнавме во Букурешт, но сместувањето може да го напуштиме само кога одиме на тренинг и на натпревари. Имаме своја цел на првенството, ги знаеме своите квалитети и знеме со што располагаме, ќе има изненадувања, ќе видите““, изјавил Ристовски.
Инаку, Фудбалската репрезентација на Македонија нема да ја има поддршката од навивачите на последниот меч од групната фаза на Европското првенство против Холандија кој ќе се игра во Амстердам.
„Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Северна Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Северна Македонија) е сè уште во сила. Можете да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната“, објави холандската амбасада во Скопје на Фејсбук.
Comments are closed.