Премиерот Зоран Заев облечен во македонски дрес им посака среќа на фудбалската репрезентација на Македонија на скопскиот аеродром.
-Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Муамед Сејдини упатуваат искрена благодарност до Владата на Република С. Македонија и Премиерот, Зоран Заев за убавите зборови на поддршка за македонската репрезентација пред заминувањето за Букурешт, – објавија од ФФМ.
Неодамна премиерот Зоран Заев се пожали дека од ФФМ не му дозволуваат да се види со фудбалерите од македонската репрезентација и да ги поздрави пред историскиот настан. Од Фудбалската федерација тогаш му објаснија дека не може да дојде до нив поради протоколите на УЕФА.