Министерството за здравство информира дека минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот САРС-КоВ-2.
Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата.
Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик.