Професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола кои секојдневно прави ковид анализи за состојбата со вирусот во земјава на Фејсбук предупредува дека лицата кои ќе бидат вакцинирани со „АстраЗаенека“ кон крајот на јуни имунитет ќе развијат по втората доза до втората половина на октомври.
-Last call за вакцинација со АстраЗенека (Ваксзеврија). Тие коишто ќе примат прва доза до крајот на јуни (од грчката и бугарската донација што треба да пристигнат неделава), ќе примат втора доза до крајот на септември, а имунитетот целосно ќе им се развие до втората половина на октомври.Роковите газат, да се потсетиме дека лани есенскиот бран беше во полн замав токму кон крајот на октомври, – пишува Трајковски.