Во последните 24 часа се направени 3.856 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-1 од:
Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Тетово, Битола, Гостивар, Охрид, Виница и Кратово – по 2, Велес, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 50 оздравени пациент од:
Скопје – 39, Куманово, Прилеп и Битола – по 2, Виница, Кочани, Кичево, Гевгелија и Свети Николе – по 1.
Пријавени се вкупно 6 починати лица: по едно лице од Скопје (40г), Куманово (78г), Прилеп (95г), Тетово (54г), Штип (61г) и Струмица (73г).
Од пријавените,едно лице е починато во домашни, а останатите 5 во болнички услови.