Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска побарал од Владата на Србија да им обезбеди бесплатна вакцинација на граѓаните на Северна Македонија, пишува српски „Блиц“.
Тие ќе можат да добијат една од четирите вакцини од производителите „Фајзер-Бајонтек“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник В“.
Од денес граѓаните на Босна и Херцеговина ќе можат да се вакцинираат каде било на територијата на Србија.
Како што рекол претседалот Вучиќ вчера, има доволно вакцини за сите низ Србија.