Германскиот ланец маркети „Лидл“ во земјава ќе инвестира 300 милиони евра, информирa премиерот Зоран Заев, претставувајќи го Интервентниот план за инвестиции.
– „Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје. Првата инвестиција ќе биде во откупно-дистрибутивниот центар во Скопје. Ќе отвори и неколку маркети во Скопје и уште во седум други градови, рече Заев.
Премиерот нагласи дека ланецот ќе одбира и земјоделски и кондиторски производи кои ќе ги продава во своите маркети на другите пазари од регионот.
– „Лидл“ ќе има обврска да откупува земјоделски и кондиторски производи, се разбира кои што се компетитивни, и да ги продава во своите ланци низ Југоисточна Европа, – рече премиерот Заев.