Голема трагедија ја потресе Македонија и домашниот ракомет по веста дека членот на РК Охрид, Никола Даниловски, се удавил во Охридското езеро.
Од засега неразјаснети околности, Даниловски исчезнал вчера околу 09 часот по тимскиот тренинг, по што во утринските часови било најдено неговото безживотно тело. Од охридската полиција информираат дека немало траги на насилство.
Даниловски имаше 26 години и низ кариерата ги помина сите младински селекции на Македонија, а редовно се наоѓаше на поширокиот список за сениорскиот национален тим како кај Данило Брестовац, така и кај сегашниот селектор Кирил Лазаров. Пред Охрид, Даниловски бранеше уште за Металург и Пелистер.
Поради трагедијата, за денес е одложен натпреварот од Суперлигата меѓу Охрид и Струга.