Легендата на југословенскиот фудбал, и сегашен селектор на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ Пикси синоќа го посети својот роден град Ниш и почна да плаче.
Плачеше кога дозна дека во Ниш е покрената иницијатива стадионот на Раднички да се вика „Драган Стојковиќ – Пикси“.
-Секогаш љубовта ми беше двигател во се и благодарејќи на моето семејство и на моите нишлии успеав да ги остварам моите соништа. Кога ќе ги видам луѓето што стојат до мене не можам да ги контролирам емоциите. Морам да внимавам, бидејќи се ова многу ме погоди, се разбира, позитивно – изјавил Пикси.
https://twitter.com/i/status/1398388674149093381