Во последните 24 часа се направени 2.955 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 27, Куманово – 5, Прилеп – 4, Гостивар – 3, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 2, Струмица, Гевгелија и Виница – по 1.
Регистриран е 81 оздравен пациент од: Скопје – 34, Прилеп – 9, Струмица – 7, Куманово – 6, Штип, Кочани и Крушево – по 4, Радовиш и Пробиштип – по 3, Велес и Кичево – по 2, Свети Николе, Делчево и Виница – по 1.
Пријавени се вкупно 18 починати лица: 8 лица од Скопје (63г,67г,69г,72г,72г,77г,80г,88г), 3 лица од Тетово (75г,76г,78г), 2 лица од Битола (84г,88г) и по едно лица од Прилеп (68г) Кавадарци (79г), Кочани (74г), Радовиш (80г) и Дебар (55г).
Од пријавените, 7 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.