Папата Франциск за време на општата аудиенција на верници, ја бакнал тетоважата на жена која го преживеа Аушвиц.
Папата внимателно слушал додека еден полски свештеник кој бил придружуван од Лидија Максимович (80) и ја раскажал нејзината приказна.
Таа го засукала левиот ракав и му го покажала на папата бројот 70072 што нацистите и го истетовирале на раката, а папата Франциско се наведнал и го бакна, а потоа ја прегрнал.
Максимович и нејзиното семејство биле а однесени од нивниот дом во Белорусија во нацистичкиот логор на смртта во окупирана Полска во декември 1943 година, непосредно пред нејзиниот трет роденден.
Таа била сместена во детски логор, каде што таа и другите деца биле предмет на медицински експерименти на Јозеф Менгеле.
По ослободувањето на логорот во 1945 година, руските војници претпоставиле дека нејзината мајка Ана, која имала тетоважа со бројот 70071, починала.
Лидија ја посвоило и одгледало полско католичко семејство.
Родена како Људмила Боцарова, таа не знаела дека нејзината мајка преживеала, и тие се виделе кусо пред смртта на нејзината мајка на почетокот на 60-тите години од минатиот век.
За Лидија Максимович, која живее во Краков, Полска, беше направен документарен филм со наслов „70072: Девојката што не можеше да мрази. Вистинска приказна за Лидија Максимович“.
Таа честопати се среќава со млади луѓе во училиштата за да разговара со нив за опасностите од екстремизмот и популизмот.