Бројот на починати укажува на тоа дека доминантно тестови се прават за патување, оттука голем број тестови а малку позитивни, пишува на својот Фејсбук профил доктор Ненад Лазаров.
-Особено е приметливо околу викенд.Време е конечно ко матични лекари да можеме ВЕДНАШ да упатуваме на тест за да изолираме навремено, по наше мнение, без алгоротам, срамота е. Дајте да го смириме летово, пак ли ќе праиме циркузи есеноска, имаме шанса да го безмалку сузбиеме локално, дајте ни можност само, – пишува Лазаров.